Литванија го продолжи карантинот до 17 декември

Ширењето на вирусот некако забави, но ситуацијата останува многу сериозна - изјави министерот за здравство Аурелиу Верига на владина седница.

265

Литванската Влада во заминување го продолжи карантинот поради пандемијата на коронавирусот до 17 декември, кога се очекува новата влада да ја преземе должноста, затоа што бројот на нови случаи продолжува да расте.

Според Владата, рестриктивните мерки го стабилизираа бројот на новозаразени на околу 11.000 неделно, двојно повеќе отколку во неделата до 4 ноември, кога беше воведена тринеделно „заклучување“.






– Ширењето на вирусот некако забави, но ситуацијата останува многу сериозна – изјави министерот за здравство Аурелиу Верига на владина седница.

Според последните податоци, во Литванија се регистрирани речиси 2.300 новозаразени и 23 смртни случаи.

Поврзани содржини