Ќе се формира Центар за згрижување на повредени и запленети диви животни

Активноста ќе се имплементира преку приватна компанија ДЕКОНС ЕМА која има ангажирано национални и меѓународни експерти.

387

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе формира Центар за згрижување повредени и запленети диви животни. Постапката за тоа е започната за се реаизира во рамки на Програмата за зачувување на природата – фаза 2 (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC), координиран од „Фармахем” од Скопје.

Ваков центар, како што наведуваат од Министерството, е потребен бидејќи изминатите години во повеќе наврати на подрачјето на државата се евидентирани  случаи на повредени диви животни.






– Честопати причина за вакви случувања се прекинатите биокоридори за миграција на дивите животни со развојот на патната инфраструктура, изградба на енергетски и хидроенергетски објекти, рударски активности, пожари, поплави, но и незаконско ловење и фаќање на животните со замки. Исто така се региструрани и случаи на нелегална меѓународна трговија и промет со диви видови, нивни делови и деривати на територија на нашата земја, каде што запленетите диви животни мора да се одземат и соодветно да се згрижат.- велат од МЖСПП.

Дополнително ова Министерство е надлежно за спроведување на Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени диви растителни и животински видови (CITES).

Активноста ќе се имплементира преку приватна компанија ДЕКОНС ЕМА која има ангажирано национални и меѓународни експерти.

 

Поврзани содржини
na