ТЕПАЧКА ВО ЗГРАДАТА НА ЕСМ Вработена пријавила дека била нападната од колешка

61-годишна вработена пријавила дека била физички нападната од своја колешка додека била на работното место во зградата на ЕСМ во центарот на Скопје.

0

Физичка пресметка меѓу две вработени е пријавена во зградата на ЕСМ во центарот на Скопје.

Според информациите од МВР, 61-годишна скопјанка во вторникот во 18:20 часот пријавила во СВР Скопје дека истиот ден, околу 13:30 часот, додека била на своето работно место во зградата на ЕСМ на подрачјето на Центар, била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н.






Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини