КРИПТО ИЗМАМА ТЕШКА 2,3 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Двајца млади останале без пари и без ветената заработка

24-годишник и 20-годишник од скопско пријавиле дека биле измамени откако вложиле 923.000 и 1.390.000 денари во наводна инвестиција во криптовалути.

0

Двајца млади од скопско пријавиле во полиција дека биле измамени за вкупно 2.313.000 денари, откако биле убедени да вложат пари во криптовалути.

Од МВР информираат дека на 28 јули, околу 14:30 часот, во СВР Скопје 24-годишник и 20-годишник пријавиле дека Х.Д. ги измамил за суми од 923.000 денари и 1.390.000 денари.






Според нивните пријави, осомничениот ги убедил да инвестираат во криптовалути, по што тие ги уплаќале парите во менувачница. По секоја уплата добивале електронски пораки во кои било наведено дека средствата се успешно префрлени.

Измамата ја откриле кога решиле да ги повлечат вложените средства и наводната заработка. На 24-годишникот му било кажано дека не може да ги подигне парите без согласност од Х.Д., додека на 20-годишникот му било соопштено дека електронските пораки што ги добивал не биле вистински.

Тогаш двајцата сфатиле дека станале жртви на измама и случајот го пријавиле во полиција.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини