📽️ ВНИМАТЕЛНО ЗАД ВОЛАНОТ, СНЕГ ВЕЕ НА СТРАЖА И Попова Шапка е завеана во бело

Снегот почна да паѓа во повисоките предели на западна Македонија. На превојот Стража, на патот Гостивар – Кичево, засега нема поголеми проблеми со сообраќајот, но се препорачува внимателно возење.

0

Снег вечерва паѓа во повисоките предели на западна Македонија, а најинтензивни врнежи се пријавуваат на Попова Шапка. На превојот Стража снегот засега не се задржува на коловозот.

Зимските услови пристигнуваат во планинските предели на западна Македонија. Снег вечерва почна да паѓа на повисоките места, а според информациите од теренот, најсилно снежи на Попова Шапка.






Внимателно треба да возат и сите што се движат преку планинскиот превој Стража, на патниот правец Гостивар – Кичево. „Порта“ објави видео снимено околу 18 часот, на кое се гледаат снежните врнежи на оваа делница.

Според сведоштвата на возачите што поминале преку превојот, снегот засега не се задржува на коловозот, па сообраќајот се одвива без поголеми проблеми.

Поврзани содржини