Заев, Филипче и Николовски во тактичко-показна вежба: „Ние нема да носиме кациги, а вие ќе нè казните, океј?“
Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче се казнети за сторен сообраќаен прекршок, неносење заштитна кацига.
Од платните налози што ги објавија некои медиуми, се гледа дека тројцата функционери платиле по 50 евра казна.
Заев, Николовски и Филипче биле сопрени на булеварот Гоце Делчев во близина на владата пред три дена, а од возењето се појави и аматерска снимка на социјалните мрежи.
.