КУМОТ НА ВУЧИЌ, БАШАНОВИЌ, ГИ СПОИЛ ЗАЕВ И ЦИПРАС ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата

Александар Обрадовиќ е балкански мешетар, кој беше советник на Заев, па потоа стана директор на ќерка фирма на ЕЛЕМ, а Зоран Башановиќ, кум на Александар Вучиќ е сегашен ПР-шеф на СДСМ, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентон Манасиевски.

0

 

Зоран Заев и Венко Филипче земаа советници од СНС на Александар Вучиќ во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентон Манасиевски.






– Александар Обрадовиќ е балкански мешетар, кој беше советник на Заев, па потоа сакаше и да го стави за директор на ЕЛЕМ, но поради притисокот на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, тоа се запре. Но, во 2021 година, Обрадовиќ стана директор на ќерка фирма на ЕЛЕМ. Човекот кој беше сменет од функцијата директор на Електростопанство на Србија, поради луксуз и хедонизам – рече Манасиевски.

Ете, вакви луѓе од српскиот свет носеше Заев во Македонија, додаде тој.

– Од друга страна, го имаме Зоран Башановиќ, кум на Александар Вучиќ, кој Заев го вдоми во Владата. Сегашен ПР-шеф на СДСМ, кој заедно со Милјан Шчекиќ им ги подготвува соопштенијата и прес-конференциите на Венко и другарите. Башановиќ е човекот за кој се вели дека ги споил Заев и Алексис Ципрас за промена на името Македонија. Исто така, во јавноста се говори дека бил одговорен за зделки во делот на енергетиката, во координација со Зоран Заев. Дали компанијата на Енис Колашинац „Зобек мининг груп“ добивала најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата „Лигниторихиа Ахлада“, која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен, била токму од Грција? Зоран Башановиќ и Зоран Заев не се од вчера, тие се добар тандем уште од поодамна – рече Манасиевски.

Истата таа фирма „Зобек мининг груп“ му купи на Филипче автомобил од марката „ауди“, додаде Манасиевски.

– Ете затоа им е криво и на Филипче и на СДСМ, затоа што не се власт за да можат да си местат тендери со луѓето на Вучиќ. Филипче и Заев се на истата линија со Александар Вучиќ – рече Манасоевски.

Поврзани содржини