ЗА ФИЛИПЧЕ ГЛАСАЛЕ И МРТВИ ЧЛЕНОВИ НА СДСМ!? Андреј Петров вели дека неговиот избор за лидер е нелегитимен

Не може партијата која имала 80.000 па и 100.000 гласачи да бира претседател со 9.000 гласачи со електронски картички.

2

Начинот на којшто Венко Филипче беше избран за претседател на СДСМ е контроверзен поради низа неправилности констатирани и документирани во електронскиот начин на гласање, при што како лица кои гласале за него биле евидентирани дури и починати лица, откива поранешниот функционер на СДСМ Андреј Петров во поткастот „Претрес со Ландов“.

– Има починати луѓе кои гласале. Документирано е тоа. Починати луѓе се заокружени на списокот дека гласале за Филипче. Тоа е врз база на проверка. Има повеќе. Веројатно оние кои ги заокружувале имињата не знаеле дека тие се починати – рече Петров.






Петров, потоа кажа дека многу мал број на членови на партијата, односно картички биле употребени при изборот на Филипче за претседател на СДСМ и праша зошто мнозинството членови не се одважило да гласа, констатирајќи дека никој од членството не го чувствува како свој.

– Не може партија која имала 100.000 членови кога била на власт, имала и 80.000 членови, да има состојба во која ќе го гласаат претседателот со 9.000 членови. Толку картички биле употребени, каде се сите други? Дали толку мал процент луѓе што решиле дека треба да гласаат? Тоа кажува дека не можете некого да го донесете и на сила да го направите претседател на СДСМ – рече Петров.

Тој му порача на Филипче да си поднесе оставка за да може да се спроведе избор за нов претседател на СДСМ, и дека ако повторно се кандидира нема никакви шанси доколку гласањето не е по пат на електронски картички.

– Нека си даде оставка, нека се избере претседател, нека се кандидира слободно, нема да го изберат без електронски картички ни под разно. Ако му биде кандидат некој од овие столбови на СДСМ што биле со години, теоретски шанси нема – рече Петров.

Поврзани содржини