ВМРО-ДПМНЕ бара багерите да се упатат и на Попова Шапка

259

Еве прилика за популистите Зоран Заев и Али Ахмети, по примерот на „Мавровка“, да ги упатат багерите нека срушат и тука на Шапка. Заев и Ахмети рушат дивоградби ама селективно и на диво, повика Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Зборовите мафија и власт во Македонија се синоними и означуваат едно исто – криминал! Едните градат на диво, другите на диво легализираат, ама ако бидат фатени од јавноста – се руши! И тоа на диво! Кримитеатарот е премногу евтин! Ако навистина се за почитување на ред и закони, еве сега нека дојдат тука, на Попова Шапка – вели Наумовски.






Тој вели дека околу 80 објекти се градат на државно земјиште, среде она што треба да биде национален парк, а никој не ги руши, ниту пак одговара за тоа!

– Општината Тетово и градоначалничката Теута Арифи, СВР Тетово, Јавното обвинителство, Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво, министерството за транспорт и врски – никој не реагира, иако граѓаните се здружија и бараат реакција.  „Мавровка“ во Скопје го покажува тоа дека постои голема веројатност целиот евтин кримитеатар да сопре постапка во која што треба да одговараат градоначалници и други вмешани за злоупотреба и за туркање бесправна легализација! Рушат на диво онака како што е и изградено – на диво! Без ингеренции од општината и елаборати за рушење! Ако веќе рушат, еве нека рушат и кај касарната во Илинден, нека срушат и тука на Шапка, и во Охрид кај советникот Нефи и многу други диви изградени објекти пред очите на Зоран Заев и на Али Ахмети – додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини