Објектот пред „Мавровка“ ќе го урива ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта

432

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изградениот градежен објект што се наоѓа пред ТЦ „Мавровка“ КП 8891/3, според имотен лист бр. 110092, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства, препорача на првата владата на првата конститутивна седница.

– Владата им препорачува на Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски да склучат Договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти. По исполнување на обврските од договорот, Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, во рок од 7 дена, се задолжени да подготват и до Владата на Република Северна Македонија да достават соодветна Информација за извршување на обврските од одлуката – соопшти владата.

Поврзани содржини