Лавров: Никој не можеше да ги предвиди размерите на пандемијата

191

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска истакна дека никој не можел да ги предвиди размерите на пандемијата на коронавирус и поради тоа Москва ќе извлече заклучоци за својата подготвеност за евентуелен втор бран.

– Се разбира, никој не може да ги испланира размерите на катастрофата и затоа беше невозможно да се создадат структури на државно ниво и да се предвиди вакво нешто – рече Лавров во интервју за Раша Тудеј.






Тој, исто така, рече дека се уште не е донесена одлука за обнова на патниот, поморскиот и воздушниот сообраќај со другите земји, дополнувајќи дека за тоа се прашуваат епидемиолозите.

Сепак, тој изрази надеж дека отворањето на границите ќе се случи набрзо.

Поврзани содржини