Спасовски: Не е само од ифтарските вечери, туку и собиранките што сме ги правеле сите ние

Точно е дека имаше нови случаи и поради ифтарските вечери, тоа го утврдивме, но и со други поголеми настани што се случија, има и кластери поврзани со институциите итн - рече Спасовски.

648

Зголемувањето на бројот на дијагностицирани во изминатите денови се должи на непочитување на рестриктивните мерки од претходната фаза рече вечерва техничкиот премиер Оливер Спасовски, но на прашањето дали и владата придонесе кон ова, затоа што дозволи верските заедници да одржуваат обреди, од каде што излегоа некои на кластерите рече дека не чувствува вина.

– Тоа беше во недела, денеска сме вторник. За два дена нема инфицирање ни зголемување на бројот. Поставете го прашањето – дали е од собиранките што си ги правиме секој од нас по домови, по маала, по паркови, кога сите апелираме да не се собираме во големи групи, некако како ни се подобрува времето, некако не сакаме да слушаме. Точно е дека имаше нови случаи и поради ифтарските вечери, тоа го утврдивме, но и со други поголеми настани што се случија, има и кластери поврзани со институциите итн – рече Спасовски.

Поврзани содржини