Француски бизнисмен ѝ предложи на државата да ја продаде Мона Лиза за 50 милијарди евра

554

Основачот на компанијата „Фаберновел“, Стефан Дистингин предлага Франција да ја продаде сликата на Мона Лиза за 50 милијарди евра.

– На тој начин ќе ги надомести парите што ги изгуби поради пандемијата на коронавирусот – рекол тој во едно од своите интервјуа.






Дистингин објаснил дека губитоците ќе бидат многу големи и смета дека државата би требало да го распродаде вредниот имот по највисока можна цена.

– Продаде го „семејниот имот“. Таа слика лесно е да премести, леснно е да се предаде понатаму. Имаме многу слики. Цената мора да биде луда за такво нешто да функционира, а проценувам дека Мона Лиза би можела да се продаде за 50 милијарди евра. Ми рекоа дека мојата проценка е прецената – рекол Дистингин.

 

 

Поврзани содржини