„Глобал фајнанс“: „Охридска банка“ најдобра банка во земјата за 2020

Наградата на „Охридска Банка“ за „Најдобра банка во Македонија за 2020“ ќе и биде доделена на свечена церемонија на 17 октомври 2020 година во рамките на годишното собрание на ММФ и Светската банка во Вашингтон.

416

Светскиот финансиски магазин „Глобал фајнанс“, петта година по ред, ја прогласува „Охридска банка“ за најдобра банка во земјава.

Имено, публикацијата, издадена од Светската Банка, 27-ми пат по ред ја објавува листата на добитници на престижната награда „Најдобра банка“ за земјите од Централна и Источна Европа.






– Да се биде прогласен пет години по ред за „Најдобра банка во Македонија“, особено од
страна на врвен банкарски авторитет во светот, како што е „Глобал фајнанс“ претставува огромна чест, но и голема одговорност. Ова е историска година за „Охридска банка“ од повеќе аспекти. Се наоѓаме во период на интеграција на „Охридска банка“ со „Шпаркасе Банка Македонија“, и континуирано работиме во насока на поставување на силна и значајна системска банка која ќе биде четврта по големина во банкарскиот сектор во земјата – изјави Нина Неданоска, претседател на Управниот одбор на „Охридска банка“.

Таа посочи дека продолжуваат кон нивната стратешка цел, изразувајќи уверување оти сите нивни резултати и достигнување ќе дадат силна потпора во креирањето на уште посилна и помоќна „Шпаркасе Банка Македонија“, која се очекува да биде целосно интегрирана во мај 2021 година.

– Од друга страна пак, соочени сме со неизвесностите кои ни ги донесе корона кризата и исправени сме пред предизвикот да одговориме соодветно на потребите на нашите клиенти, на институциите, на економијата и на нашите вработени. Ваквите меѓународни признанија се уште една потврда за улогата која ја има „Охридска банка“ во банкарскиот сектор во земјата, за нашата стабилност, конзистентност и посветеност и во вонредни услови – истакна Неданоска.

Наградата на „Охридска Банка“ за „Најдобра банка во Македонија за 2020“ ќе и биде доделена на свечена церемонија на 17 октомври 2020 година во рамките на годишното собрание на ММФ и Светската банка во Вашингтон, каде на едно место ќе се сретнат претставници од 23. најдобри банки од Централна и Источна Европа.

Поврзани содржини