Побарани казни од по 2.000 евра за 53 жители на Скопје

Сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.

221

Вкупно 53 лица се опфатени со предлозите за издавање казнени налози што Основното јавно обвинителство Скопје ги поднесе денеска пред Основниот кривичен суд Скопје за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено во член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.






Надлежните јавни обвинители за секого од обвинетите предложија парична казна од по 2.000 евра во денарска противвредност, односно 100 дневни глоби од по 20 евра.​

Поврзани содржини