ЕСЕНТА ЌЕ ПОЧНЕ КАКО ШТО Ѝ ДОЛИКУВА Наутро студено, до пладне сончево, попладне дождливо

Времето утре ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд.

1

Времето утре ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.






Минималната температура најниско ќе се спушти до 11 степени во Маврово. Најтопло ќе биде во Гевгелија и во Демир Капија со температура до 32 степени.

Фото: УХМР

Во Скопје ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 16 до 31 степени.

Во понеделник ќе преовладува променливо облачно и топло време со повремени локални врнежи од дожд.

Од вторник и во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и значително посвежо. На некои места утринската температура ќе се спушти до 3 степени.

Фото: УХМР
Поврзани содржини