Оние кои го напуштаат државниот карантин викендов, треба да достават коj и со што ќе ги земе
Полициските службеници имаат списоци на дневна основа кој граѓанин кога го напушта државниот карантин и тие ги најавуваат лицето и возилото кое ќе дојде по нив – стои во соопштението на МВР.
Денеска од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР) беше соопштено дека лицата на кои викендов им завршува државниот карантин, треба на припадниците на ова министерство да им достават име и презиме на лицето кое ќе треба да ги земе, како и податоци за неговото возило.
– Лицата сместени во државен карантин, а кои треба да го напуштат државниот карантин, за време на викенд, кога е ограничено движењето, или пак се од градови каде има ограничување на движење преку целата седмица, ќе бидат прашани од страна на полициски службеник за име и презиме на лице и податоци за возило кое ќе дојде да го изврши транспортот. Полициските службеници имаат списоци на дневна основа кој граѓанин кога го напушта државниот карантин и тие ги најавуваат лицето и возилото кое ќе дојде по нив – стои во соопштението на МВР.