Утре без вода дел од корисниците во Центар и Карпош

482

Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 10.04.2020 година ( петок ) поради дефект на затварач од ф – 400 мм на раскрсница меѓу ул. Самоилова и бул. Никола Карев, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Самоилова и Банатска, ( општина Центар ) како и дел од корисниците од Момин Поток. ( општина Карпош ), информираат од РЦУК – СКОПЈЕ.

Исто така, утре 10.04.2020 година ( петок ) поради уличен дефект од ф – 125 мм на ул. Будимпештанска бр.21-б, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Будимпештанска, Петар Драганов, Душко Боjковски, Женевска, Осло и Хашка. ( општина Карпош ), известија од ЈП Водовод и Канализација.

Поврзани содржини