Се ограничува извозот на заштитни маски

745

Министрите денеска ја усвоија Одлуката за дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот ковид-19, која предвидува ограничување на извозот на економските оператори и производителите на заштитни маски од Македонија во количина која нема да надминува 80 проценти од просечното дневно производство на заштитни маски од хартија, целулозна вата или целулозни влакна и пластични маски со текстилен филтер, соопшти владата.

– Економските оператори и производители на заштитни маски при секој извоз на заштитни маски кон царинската декларација се должни да достават изјава од извозникот и производителот дека во секој момент во магацините односно складовите располагаат со 20 проценти од просечното дневно производство на заштитни маски, која количина е наменета исклучиво за потребите на домашниот пазар, се вели во соопштението.

Поврзани содржини