📽️ ОСУМ ДЕЦЕНИИ ГРИЖА ЗА МОНЕТАРНАТА СТАБИЛНОСТ Народната банка слави значаен јубилеј
Гувернерот Трајко Славески објави видео по повод 80 години централно банкарство во Македонија, потсетувајќи на развојот на Народната банка и нејзиното место меѓу најкредибилните институции во земјава.
Народната банка одбележува 80 години централно банкарство во Македонија – јубилеј што потсетува на децениите институционален развој и на улогата на централната банка во македонската економија.
По тој повод, гувернерот Трајко Славески објави видео за развојниот пат на институцијата, која ја опиша како една од најкредибилните во земјава.
„80 години централно банкарство во Македонија — нека ни е честит јубилејот!“, порача Славески.
80 Години централно банкарство во Македонија — нека ни е честит јубилејот!
Видео за растежот на една од најкредибилните институции во земјава – Народната банка👇🏻 https://t.co/rOdAiQgJEy
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) October 28, 2026