Виртуелна посета на „100 години Требениште” во Археолошкиот музеј

360
Иако е затворен за посетители, Археолошкиот музеј ќе ја продолжи комуникацијата со јавноста објавувајќи едукативни видеа со аудионарација и знаковен јазик.





„Видеата се само еден дел од првиот реализиран чекор од проектот „Пристапен музеј” кој е поддржан од Балканската музејска мрежа и за кој ќе имаме соодветна промоција веднаш по стабилизирање на моменталната ситуација. Исто така, Археолошкиот музеј е во чекор со музеите низ светот и и нуди можност на јавноста за виртуелна посета на ексклузивната интернационална изложба ‘100 години Требениште’“, соопшти Археолошкиот музеј.
Поврзани содржини