25 ВРАБОТЕНИ ВО МВР ДОБРОВОЛНО СЕ ПРИЈАВИЈА ДА ГИ СЛИКААТ ГРАЃАНИТЕ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ Сите ќе бидат наградени, порача министерот Тошковски

Од моја страна ќе бидат преземени сите мерки и активности во рамки на моите законски овластувања со цел сите вработени во Одделението за управни работи – Скопје и во отсеците за управни работи низ државата, како и оние кои се упатени времено да работат таму, да бидат соодветно наградени, напиша министерот Панче Тошковски.

1,019

Само денеска 25 вработени во МВР доброволно се пријавија и беа упатени да помогнат во процесот на издавање лични документи, напиша на Фејсбук техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Во текот на денешниот ден бев во посета на Одделението за управни работи – Скопје каде директно се запознав со фактичката состојба во делот на издавање на лични документи. Имено, досега 25 вработени од други организациски единици доброволно се пријавија и беа упатени да помогнат во овој процес. Во таа насока во текот на вчерашниот ден истите почнаа со обука за сликање и издавање на документите, а од моја страна ќе бидат преземени сите мерки и активности во рамки на моите законски овластувања со цел сите вработени во Одделението за управни работи – Скопје и во отсеците за управни работи низ државата, како и оние кои се упатени времено да работат таму, да бидат соодветно наградени. Исто така, ја користам оваа прилика јавно да им се заблагодарам на вработените во ова Одделение кои и покрај лошите услови во кои работат, вложуваат натчовечки напори за да им излезат во пресрет на граѓаните“, напиша министерот на Фејсбук.

Поврзани содржини