🎥 ВИРАЛНО ВИДЕО ОД ПРИНЦЕЗАТА И ПОЛУГОЛИОТ ФУДБАЛЕР Идната кралица во соблекувалната го прослави триумфот на Норвешка
По сензационалната победа на Норвешка над Бразил, со која обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство, прославата во соблекувалната добила и посебен кралски момент.
Норвежаните ја славеа победата над Бразил со 2-1, благодарение на двата гола на Ерлинг Браут Халанд, кој го однесе својот тим меѓу осумте најдобри екипи во светот.
Големата прослава по натпреварот на стадионот во Њу Џерси продолжила во соблекувалната, каде што на играчите лично им честитаа принцезата Ингрид Александра и нејзиниот помлад брат, принцот Свере Магнус. Нивното пристигнување дополнително го засили историскиот успех што предизвика ентузијазам низ цела Норвешка.
Средбата помеѓу идната кралица и најголемата ѕвезда на тимот привлече посебно внимание.
Халанд, видливо воодушевен по напорниот натпревар, ја поздрави принцезата без дрес и срдечно ја прегрна, на што таа возврати со топла прегратка. Опуштената атмосфера покажа колку искрен и емотивен бил моментот, без оглед на околностите. Тие разменија неколку зборови и широки насмевки, а сцената брзо стана вирална, обиколувајќи ги светските медиуми како симбол на големата норвешка прослава.
🇳🇴 | La Princesa Ingrid Alexandra, quien será Reina de Noruega en el futuro, se reunió con la selección de su país tras el triunfo contra Brasil. pic.twitter.com/lXSrGnRa3t
— Abril, The Duchess (@AbriltheDuchess) July 5, 2026