ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРАЌААТ ВИДЕА И ФОТКИ ДИРЕКТНО ДО 112 Новата апликација ќе има и функција „Silent Call“ за жртви на семејно насилство

Новата апликација „Where Are You“ ќе овозможи испраќање локација, фотографии и видео од местото на настанот, а се воведува и функција за тивко барање помош.

122

Граѓаните наскоро ќе можат да испраќаат точна локација, фотографии и видеоснимки директно до службата 112, а жртвите на семејно насилство ќе добијат можност незабележливо да побараат помош преку новата функција „Silent Call“, најави директорот на ЦУК, Мухамет Али.

– Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“, која ќе овозможи прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот, испраќање фотографии од местото на настанот, испраќање видеа од местото на настанот и директна видео-комуникација со Оперативниот центар во итни ситуации – изјави Али.






Дополнително, апликацијата ќе биде достапна и функцијата „Silent Call“, наменета за жртви на семејно насилство и за лица кои не можат безбедно да разговараат по телефон.

– Со воведувањето на овие нови функционалности продолжуваме да го модернизираме системот 112, обезбедувајќи поголема сигурност за граѓаните, попрецизно пренесување на информациите и поефикасна реакција на надлежните служби во итни ситуации – посочи Али.

Поврзани содржини