НА МАКЕДОНИЈА Ѝ Е НАНЕСЕНА НЕПРАВДА, ВЕЛИ ХРВАТСКИ ЕВРОПРАТЕНИК Брисел не смее да дозволи соседски комплекси да го киднапираат проширувањето

На Македонија ѝ е нанесена неправда на европскиот пат. Сега на сите им станува сѐ појасно дека проширувањето за ЕУ повеќе не може да биде само техничко прашање, туку стратешки интерес, особено во контекст на променетите геополитички околности, вели европратеникот во интервју.

1

Македонија претрпела неправда на патот кон Европската Унија, а Брисел повеќе не смее да дозволува соседски спорови да го поткопуваат процесот на проширување. Таква порака испрати европратеникот од Хрватска Карло Реслер. Тој смета дека европскиот напредок мора да се вреднува според реформи и исполнети обврски, а не според политички условувања.

На Македонија ѝ е нанесена неправда“






Реслер отворено признава дека кај многу граѓани постои чувство дека Европската Унија не покажала доволно политичка доследност.

– На Македонија ѝ е нанесена неправда на европскиот пат. Сега на сите им станува сѐ појасно дека проширувањето за ЕУ повеќе не може да биде само техничко прашање, туку стратешки интерес, особено во контекст на променетите геополитички околности – вели европратеникот во интервју за МИА.

Тој потсетува дека преку Планот за раст на Западен Балкан веќе се отвораат нови финансиски можности за земјите од регионот и дека Македонија треба да ги искористи тие механизми за побрз развој.

„Билатералните прашања не смеат да бидат политичко оружје“

Осврнувајќи се на бугарските условувања, Реслер вели дека Хрватска добро знае колку соседските спорови можат да го оптоварат европскиот пат.

– Ако една земја ги исполнува преземените обврски и спроведува реформи, нејзиниот напредок мора да се оценува според јасни, објективни и однапред познати критериуми, а не според променливи билатерални барања – нагласува тој.

Според него, историјата и идентитетот не смеат да се игнорираат, но уште помалку смеат да се користат за блокирање на европската перспектива на една држава.

„Европа не смее да биде проект за идеолошко наметнување“

Во интервјуто Реслер се осврнува и на сè почестите дебати за вредностите во ЕУ.

– Европската Унија не е замислена како проект за идеолошко наметнување. Тоа е нешто против кое се борам – вели тој.

Според него, улогата на семејството, воспитувањето на децата и чувствителните општествени прашања треба да останат во доменот на демократското одлучување на државите членки и нивните граѓани.

Шанса за младите и за новите технологии

Реслер ја отфрла тезата дека Македонија и регионот треба да останат само извор на евтина работна сила.

– Младите не смеат да бидат извозен потенцијал, туку носители на развојот на сопственото општество – порачува европратеникот.

Тој смета дека токму дигиталната економија, иновациите и пристапот до европски капитал можат да му овозможат на регионот побрзо да го фати чекорот со поразвиените членки на Унијата.

Поврзани содржини