📽️ СВЕТСКИОТ „ПРВАК“ ИМА ПРОБЛЕМ НА ПОЛУВРЕМЕ Шобир му одбрани пенал на Меси, Египет води
Јасер Ибрахим го донесе водството за Египет, а голманот Шобир стана херој откако му одбрани пенал на Лионел Меси.
Светскиот првак Аргентина се најде во неочекувана ситуација во осминафиналето на Светското првенство. Египет води со 1:0 по првото полувреме, а Лионел Меси не успеа да реализира пенал и да го врати својот тим во игра.
Тимот од Африка поведе во 15. минута преку Јасер Ибрахим и ја замолкна Атланта.
Аргентина доби идеална шанса за израмнување пет минути подоцна, но голманот Мохамед Ел Шобир го прочита ударот на Меси и го одбрани пеналот.
Тоа е втор промашен пенал на аргентинскиот капитен на овој Мундијал.
„Гаучосите“ потоа тргнаа во офанзива. Меси ја погоди стативата од слободен удар, Алексис Мекалистер пропушти одлична можност, а Хулијан Алварез не успеа да го совлада расположениот египетски чувар на мрежата.
Засега, човек на натпреварот е токму Шобир, кој со неколку клучни интервенции го сочува египетското водство.
Дали Египет ќе го доврши изненадувањето или Аргентина ќе пронајде начин за пресврт, ќе покаже второто полувреме.