НЕ ЈА ЧЕПКАЈ КРАЛИЦАТА MEЛОНИ, МУ ПОРАЧА БЕЛГИСКИ МИНИСТЕР НА ТРАМП Италијанската премиерка доби поддршка во кавгата со шефот на САД

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен за Политико оцени дека Европа не смее да го оттурне Трамп, но порача дека нападите врз Џорџија Мелони се преминување на границата.

0

Само ден откако Доналд Трамп ја исмеа Џорџија Мелони со објава на социјалните мрежи, во нејзина одбрана застана белгискиот министер за одбрана Тео Франкен. Во изјава за Политико, тој порача дека италијанската премиерка е „недопирлива“, нарекувајќи ја „кралица“ и „алфа“ на европската централно-десничарска сцена.

Франкен оцени дека Европа ќе зависи од американската воена поддршка уште најмалку пет до десет години и затоа мора внимателно да ги одржува односите со Вашингтон.






Сепак, кога станува збор за Мелони, според него постојат граници.

– Секако дека ни е потребен како сојузник, но Мелони е недопирлива. Таа е кралица на европската централно-десница. Таа е алфа. Оставете ја на мира – изјави Франкен за Политико.

Белгискиот министер изрази и недоумување околу причината за судирот меѓу двајцата лидери.

– Ја сакам, таа е конзервативна, ние сме на иста бранова должина… а потоа одите и се карате за што? За фотографија! – рече тој.

Клинчот почна по самитот на Г7

Трамп викендов објави меме со Џорџија Мелони и се пошегува дека наскоро можеби ќе му биде потребна забрана за пристап против италијанската премиерка.

Провокацијата следеше по нивната непријатна средба на самитот на Г7 во Евиан. Американскиот претседател потоа тврдеше дека Мелони го замолила да се фотографира со неа.

– Не би го направил тоа, но ми беше жал – рече тогаш Трамп.

Мелони возврати дека станува збор за „целосна измислица“ и порача дека ниту таа ниту Италија „не молат никого“.

Европа сè уште не може без Америка

Иако ја бранеше Мелони, Франкен нагласи дека Европа останува зависна од американската воена моќ.

Според него, на европските земји ќе им бидат потребни уште 5 до 10 години за да изградат капацитети што денес ги обезбедуваат САД.

– Ни требаат Американците, затоа бидете дипломатски, слушајте што велат и обидете се да бидете нежни – порача белгискиот министер.

Поврзани содржини