ЗАТАЛКАН КУРШУМ Ѝ СЕ ЗАБИЛ ВО РАМОТО Драчевчанка повредена во својот двор

Додека била во дворот од семејниот дом, почуствувала удар во рамото, а по извршениот преглед било констатирано дека повредата настанала од заталкано зрно од оружје.

0

На 14.09.2026 во 21:45 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Драчево е пријавено дека кај нив со повреда била донесена Ј.С (57) од Скопје.

Според пријавеното, околу 20:40 часот, додека била во дворот од семејниот дом, почуствувала удар во рамото, а по извршениот преглед било констатирано дека повредата настанала од заталкано зрно од оружје.






Се работи на расчистување на случајот., вели МВР во билтенот.

Поврзани содржини