Актерот од популарната серија „На седмо небо“, Лоренцо Брино го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа, јавува ТМЗ.
21-годишниот актер ја изгубил контролата над своето возило и удрил во столб. Брино бил единствениот патник во возилото. Несреќата се случила околу 3 часот по полноќ во понеделникот во округот Сан Бернардино, но името на жртвата не било потврдено сѐ до недела.
Брино го играше момчето Сем Камден во серијата од 1999 до 2007 година. Тој првпат се појави во серијата кога Ени Камден се породи. Тоа беше една од најгледаните епизоди.
„Драг мојот внук, твојата загуба остави празнина во моето срце. На Господ му требаше ангел па те зема. Те молам, внимавај на мама и тато, сестрата Мими и браќата Антонио, Захари и Никола“, напишала тетката на Лоренцо Брино, Џенет.
Сестрата на Брино, Мими, исто така, се огласила, споделувајќи трогателна фотографија на Инстаграм.
„За мојот неверојатен и луд брат. Можеби повеќе те нема, но никогаш нема да бидеш заборавен. Ти направи многу во овој краток живот што го живееше. Имав привилегија да растам рамо до рамо покрај тебе. Понекогаш ме излудуваше, но ти си дел од некои мое најмили спомени. Многу сум среќна што знам дека ме сакаше и дека имам ангел чувар засекогаш. Почивај во мир, Лоренцо, те сакам сега и ќе те сакам засекогаш”, напишала таа.
FOTO: Tviter/Printskrin