🎥 ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ГО ПОКАЖУВА ХОРОРОТ НИЗ КОЈ ПОМИНАА ЛУЃЕТО ВО НЕПАЛ Стравичен биланс од поплавите, 1.252 мртви, 4.875 исчезнати
Потрагата по исчезнатите продолжува, а екипите за итни интервенции се обидуваат да допрат до најпогодените подрачја.
Бројот на загинатите во поплавите во Непал се искачи на 1.252, додека 4.875 лица и натаму се водат како исчезнати, соопшти непалската полиција. Министерството за надворешни работи на Непал информира дека досега се спасени 324 странски државјани, додека околу 590 лица од 39 земји сè уште се водат како исчезнати.
Спасувачките екипи користат хеликоптери и други летала за да стигнат до отсечените заедници во областите каде што надојдените води и свлечиштата ги уништиле патиштата и мостовите. Потрагата по исчезнатите продолжува, а екипите за итни интервенции се обидуваат да допрат до најпогодените подрачја.
Катастрофата започна на 26 август, кога високо на Хималаите се урна глечер, што предизвика свлечишта и разорни поплави. Бројни населени места останаа отсечени од остатокот од земјата откако поројните води и свлечиштата уништија клучна патна инфраструктура, дополнително отежнувајќи ги спасувачките операции.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи се објавуваат нови застрашувачки снимка од катастрофалните поплави кои збришаа цели населби. На едно видео се гледа двокатна куќа, целосно опкружена од голема маса брза вода, со кал и отпадоци, а на една од терасите се гледаат луѓе кои нема каде да побегнат. Во еден момент се чини дека куќата нема да може да го издржи огромниот притисок.
That family in the green house. I hope they are alive and safe. 🙏🏻 what a nightmare. pic.twitter.com/t2tVR2cFD7
— Pooja Shali (@PoojaShali) August 28, 2026