🎥(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) МАЖ ГО НОСИ ТЕЛОТО НА МРТВАТА СЕСТРА ВО БАНКА!? Немал умреница, а сакал да ги подигне нејзините пари

Многумина посочија на бирократските пречки при подигнување пари по смртта на сопственикот на сметката, особено кога не е именувано лице кое може да ги преземе средствата.

1

Сиромашен маж од Источна Индија тврди дека бил принуден да го однесе мртвото тело на неговата покојна сестра во банка за да ја докаже нејзината смрт и да ги подигне парите од нејзината сметка, откако не успеал да добие потврда за нејзината смрт.

Видеото на кое се гледа 52-годишниот Џиту Мунда како носи мртво тело на жена, стана вирално и предизвика гнев во јавноста. Тој тврди дека го направил тоа од фрустрација бидејќи не можел да пристапи до парите бидејќи немал официјален доказ за смрт. Полицијата тврди дека Мунда лично ги ексхумирал останките.

Банката „Одиша Грамин“ каде што се случи инцидентот, ги отфрли тврдењата, нагласувајќи дека од него биле побарани само законски пропишани документи. Според нив, инцидентот е резултат на непознавање на процедурите.

Инцидентот, кој се случи во округот Кеонџар во понеделникот, привлече големо внимание, при што многумина ги критикуваа локалните власти и банката за нивниот недостиг на разбирање.

Многумина посочија на бирократските пречки при подигнување пари по смртта на сопственикот на сметката, особено кога не е именувано лице кое може да ги преземе средствата.

Мунда за Индиската редакција на Би-би-си изјави дека сè започнало по смртта на неговата 56-годишна сестра Калара претходно оваа година. Неколку месеци пред нејзината смрт, таа го продала својот добиток и депонирала околу 19.300 рупии во банка, што е приближно 175 евра. Поради застарените докуметни за идентификација што ги имала, надлежните не му издале умреница, а без тој документ, банката одбивала да му ги исплати парите од нејзината сметка.

Министерството за финансии најави истрага и против менаџерот на филијалата за неговото наводно однесување. Локалната самоуправа во Кеонџар изрази длабока загриженост, нагласувајќи дека заштитата на правата и достоинството на граѓаните е приоритет.

Поврзани содржини