🎥 „ВОСКРЕСНАА“ КУЛИТЕ БЛИЗНАЧКИ ВО ЊУЈОРК? 2.977 дронови ги исцртаа со светлина
Тие се издигнаа над пристаништето, движејќи се како светлечко јато, а потоа се распоредија така што ги формираа контурите на Кулите-близначки во нивните вистински архитектонски димензии.
Дваесет и пет години по денот што засекогаш ги промени Њујорк и светот, небото над Њујорк повторно ја прикажа силуетата на Кулите-близначки. Овојпат тие беа формирани од светлина – 2.977 светлечки дронови, по еден за секој човечки живот изгубен во терористичките напади на 11 септември 2001 година.
Уметничката инсталација, насловена „2.977 светла над њујоршкото пристаниште“, се состоеше од 2.977 осветлени дронови. Тие се издигнаа над пристаништето, движејќи се како светлечко јато, а потоа се распоредија така што ги формираа контурите на Кулите-близначки во нивните вистински архитектонски димензии.
Според организаторите, јавната уметничка инсталација посветена на сеќавањето на жртвите е создадена во соработка со членови на заедницата поврзана со 11 септември, меѓу кои членови на семејствата на загинатите, преживеани и припадници на итните служби кои први реагирале по нападите.
Drones recreated the Twin Towers above New York Harbor on Wednesday to honor the victims of the 9/11 terrorist attacks.
The display used 2,977 lights, one for each person killed in the attacks 25 years ago, organizers said. pic.twitter.com/RaVlAY1XiA
— CBS News (@CBSNews) September 11, 2026