ВО ТУНЕЛИТЕ КАЈ ДЕМИР КАПИЈА ИГРАВМЕ ЧОЧЕК, КАЈ ОХРИД ЌЕ ИГРАМЕ БАЛЕТ? Зошто „Актор“ можел да гради по цена од 6 милиони евра, а „Бехтел и Енка“ мора по 20 милиони евра за 1 километар?

„Зошто ова криење? Да излеземе јавно, јас со договорот добиен од свиркач, Ковачевски со неговиот и да дебатираме. Нашите калкулации велат дека цената, без вкалкулирани дополнителни трошоци, е помеѓу 2 и 2,3 милијарди евра“, категоричен е лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

1,645

Ако за 1 едно проневерени пари треба да има доживотна затворска казна, колку доживотни казни треба да има поради тоа што изградбата на коридорите 8 и 10Д ќе чини најмалку 1 милијарда евра повеќе од сега проектираните 1,3 милијарди?

Со ова прашање опозицискиот лидер Христијан Мицкоски алудираше на одлучната изјава на вицепремиерот Артан Груби дека со овој проект ниту 1 евро нема да биде проневерено. Мицкоски тврди дека „проектот ќе надмине 2 милијарди евра и станува збор за сериозна пљачка“.






Според него има огромна разлика во цената по километар во споредба со други проекти. Разликата се гледа во многу ставки од договорот, на пример во цената на чинење на ископот на земја.

Така, во договорот што го потпишала државата со изведувачот за делови од коридорите 8 и 10д, ископот на површински слој земја со вклучен транспорт до 15 километри чини 7,36 до 7,5 евра за метар кубен. Ист таков договор, домашна компанија еден месец претходно потпишала со Јавното претпријатие за државни патишта за делницата Граничен премин Блаце – Село Блаце, при што е договорена цена од 2,32 евра за метар кубен.

Тоа е за повеќе од три пати поевтино, анализира ВМРО-ДПМНЕ и посетува дека станува збор за ископ на милиони кубни метри земја и за огромни пари.

Ист е случајот и со неповршинскиот слој, ископот на остатокот од земјата до нивото кое е потребно да биде ископан ровот.

– Ако нашата домашна компанија има потпишано договор за реконструкција на пат и ископ на неповршинскиот слој по цена од околу 4,5 евра за метар кубен, во договорот за деловите од коридорите 8 и 10д, цената за оваа ставка е 8,95 евра за метар кубен, повеќе од двојно. Станува збор за милиони кубици.  Ова се само две ставки, а во деновите кои следат ќе ги наведеме и другите, за граѓаните да видат за што станува збор – нагласува Мицкоски.

Тој прави споредба и со други автопати кои се граделе во Македонија.

– Проектот на „Актор“ за делницата Демир Капија – Смоквица е со просечна цена од 5 до 6 милиони евра за 1 километар. Проектот на „Синохидро“ за Кичево – Охрид и Миладиновци -Штип, со сите анекси, нема да надмине цена од од 8 до 9 милиони евра за 1 километар. „Бехтел и Енка“ града по цена од повеќе од 20 милиони евра за 1 километар. Кој овде лаже и краде? Ова е сериозен проект и сериозна пљачка за многу побогати држави од Македонија. Колку доживотни има тука, ако за еден долар има неколку доживотни? – прашува Мицкоски.

ВМРО-ДПМНБЕ смета дека ако можеле договорот да го добијат пратениците кои ги поднеле измените за законите, тогаш може да го добијат и пратениците кои имаат безбедносен сертификат, за да можат да се простудира. Може да се излезе во јавност на дуел и да се презентира договорот.

– Група пратеници кои по професија се лекари, фискултурни работници, ликовни уметници, психолози, правници, филозофи, на некаков магичен начин го добиле овој ист договор, најверојатно преку свиркач, кога бил потпишан. Потоа седнале, работеле две недели и  им текнало дека овој договор може да се реализира на побрз начин и бидејќи имаат вешти способности во изградба на ваков тип проекти, смислиле девет измени на девет суштински закони. И потоа отишле во Влада и таму двоецот Ковачевски и Груби им рекол – не во влада, туку во парламент да ги предложите законските измени. Зошто ова криење? Да излеземе јавно, јас со договорот добиен од свиркач, Ковачевски со неговиот и да дебатираме. Сепак, калкулациите зборуваат за повеќе од 2 милијарди евра. Поточно, цената без вкалкулирани дополнителни трошоци е помеѓу 2 и 2,3 милијарди евра – рече Мицкоски.

Своевремено, завршувањето на Демир Капија – Смоквица беше прославено со чочек во тунел. Што ќе се игра кога ќе се слави завршувањето на автопатот до Охрид?

Да се потсетиме на чочекот во тунелот кај Демир Капија:

Поврзани содржини