ЃОКОВИЌ ОТКРИ ШТО ГРИЦКА ЗА ВРЕМЕ НА НАТПРЕВАРИТЕ Тенисерот одбрал овошка која има низок гликемиски индекс и не дозволува нагли промени на енергијата

Тенисерот објаснува дека урмите имаат помал гликемиски индекс и одржуваат стабилно ниво на шеќер во крвта.

7

Веганската исхрана и внимателно одбраната храна често се наведуваат како една од клучните причини за доминацијата на Новак Ѓоковиќ на тениските терени.

Во интервју за WIRED, најдобриот тенисер во светот, Ѓоковиќ, претходно ги откри деталите за неговото мени.

 






Фото: Икс

 

Појадок: Најчесто вклучува овесна каша, разни ладно цедени сокови, смути и чиа пудинг.

Кога го прашале што консумира за време на самите натпревари, Ѓоковиќ вели:

-Урми. Само урми!

Зборувајќи за тоа зошто ги избрал урмите и како тие влијаат на неговото тело, Ѓоковиќ објаснува:

– Тие имаат помал гликемиски индекс. Од нив не добивате тој моментален скок на енергија, проследен со пад. Тие само го одржуваат мојот шеќер во крвта оптимален. Ги јадам веќе 10 години.

Поврзани содржини