ВО БОЛНИЦИТЕ ЛЕЖАТ ВКУПНО 145 ПАЦИЕНТИ Две групи ќе заминат на лекување во Хрватска и во Романија
Состојбата на сите пациенти се набљудува и конзилијарно се одлучува за понатамошните постапка, порача Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување.
Денеска се згрижени вкупно 145 настрадани. Во македонските болници остануваат да се лекуваат 90 настрадани. Во Клинички центар се згрижени 20, во ГОБ „8 Септември“ исто 20, а во Св. Наум Охридски 21 пациент.
Во болницата во Штип има 20 настрадани, во општата болница во Кочани 7, на Токсикологија – двајца.
44 пациенти се пренесени на лекување во странство. Од нив во Србија се пренесени 17 настрадани, во Бугарија 14, Турција 9 и Грција 4.
„Има пациенти и во ‘Аџибадем Систина’ и во ‘Жан Митрев’. Во странство се прифатени 44 повредени и тоа Србија 17, Бугарија 14, Турција 9 и Грција 4. Бројките се менуваат поради пренесување на повредените во други болници. Пристигнатите во странство се стабилни. Ноќеска и рано наутро ќе заминат 8 повредени, за Хрватска 4 и за Романија 4. Има можности за Словенија и Унгарија по 4 лица и Австрија 6 лица. Од раните утрински часови во Клинички центар функционира Кризниот штаб на Министерството за здравство, во одлична координација со МВР и МНР. Состојбата на сите пациенти се набљудува и конзилијарно се одлучува за понатамошните постапка. Вечерва пристигна еден тим од ВМА Белград, а во очекување сме на тимови од Чешка, Израел и од Белгија. Сите, сите повредени се згрижени најдобро што можеме“, напиша Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување.