СЕ СЛЕДАТ УШТЕ НЕКОЛКУ СЛУЧАИ ЗА МИТО ВО ИНСТИТУЦИИ Мицкоски ги повика граѓаните да пријават кога им се бара мито

Премиерот не откри за кои институции станува збор, колку лица се опфатени со пријавите.

426

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека се следат уште неколку случаи на сомнежи за корупција во институциите и ги повика граѓаните да пријавуваат доколку од нив се бара мито.

– Следиме уште неколку случаи на корупција во институциите и чекаме и тоа, да го земат тоа што го побарале од граѓаните. Ги повикувам граѓаните да пријавуваат! Има пријави на неколку случаи во институции – рече Мицкоски.






Тој не откри за кои институции станува збор, колку лица се опфатени со пријавите.

Изминатите денови се откриени неколку случаи на примање поткуп од лица вработени во институции.

Поврзани содржини