РАДИЧЕВСКИ ОЧЕКУВА УШТЕ ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ВО ВТОРИОТ КРУГ Се заблагодари за гласовите во првиот круг

Радичевски упати благодарност до премиерот за поддршката во реализацијата на проектите што се во тек.

0

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница, Стојанчо Радичевски, истакна дека со поддршка на Владата и премиерот Христијан Мицкоски се реализираат повеќе проекти во општината.

Радичевски и Мицкоски денеска остварија теренска посета на неколку населени места во општината, меѓу кои Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница.






Радичевски упати благодарност до премиерот за поддршката во реализацијата на проектите што се во тек, посочувајќи дека станува збор за активности за кои, како што рече, веќе било говорено во изминатите денови.

Тој им се заблагодари и на граѓаните кои му ја дале поддршката во првиот круг од локалните избори, изразувајќи очекување дека во вториот круг ќе добие поголема поддршка.

– Очекувам поголема поддршка во вториот изборен круг, очекувам и победа да славиме сите заедно – порача Радичевски.

Премиерот Мицкоски испратија порака за единство, заедништво и обединување.

– Зборуваме за заедништво, зборуваме за обединување, нешто што е различно од тоа што го зборува нашиот противкандидат и луѓето коишто застанаа против кандидатот. Тие зборуваат за поделби по етничка линија, ние се обраќаме на сите граѓани овдека во општина Брвеница и зборуваме за заедништво. Зошто? Затоа што за нив овие избори се спас на нивните политички кариери, политички кариери коишто нема да останат запаметени по ништо друго освен по криминалот и поделбите коишто ги правеа и затоа кога зборуваме за обединување и она што ние го промовираме, зборуваме и за крај на нивните политички кариери коишто останаа такви какви што се и нема да бидат запаметени ама по апсолутно ништо – рече Мицкоски.

Поврзани содржини