В САБОТА ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ Најавен е протест пред Собранието

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

299

Поради одржување на протест пред Собрание на Република Северна Македонија Единицата за безбедност на патниот сообраќај утре со почеток во 11 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

 

Поврзани содржини