Нов земјотрес со епицентар на 8 километри северозападно од Лерин, Грција е регистриран вечерва во 20.24 часот.
Според Евромедитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 2,7 степени степени по Рихтеровата скала и на длабочина од 2 километри.
Од 9 јануари до денеска, во околината на Лерин имаше неколку потреси, од кои со најголем интензитет беше земјотресот во неделата ноќта во 22.43 часот со 5,5 степени според Рихтер.