ЗЕМЈАТА СЕ СТРЕСЕ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ БРОД И КРУШЕВО Земјотрес од 2,5 степени на длабочина од 15 километри

Потресот е регистриран во 10.15 часот, во близина на Пласница и на Лажани. Засега нема информации за материјални штети.

54

Земјотрес со магнитуда од 2,5 степени е регистриран утрово во Македонија, со епицентар меѓу Македонски Брод и Крушево.

Според првичните податоци од сајтот EMSC,  потресот се случил во 10.15 часот, на длабочина од 15 километри.






Епицентарот бил во близина на селата Пласница и Лажани, на координатите 41,435 степени северна географска ширина и 21,227 степени источна географска должина.

Земјотресот бил со мала магнитуда и можно е слабо да го почувствувале жителите во близина на епицентарот.

Засега нема информации за материјални штети. Се очекуваат дополнителни податоци од надлежните сеизмолошки служби.

Поврзани содржини