EПИЦЕНТАРОТ БИЛ НА 13 КИЛОМЕТРИ ОД ЛЕРИН Битолчани и охриѓани почувствуваа земјотрес од 3,8 степени

Потресот во северниот дел на Грција бил на длабочина од 7 километри. Македонските сеизмолози регистрирале локална магнитуда од 4 според Рихтеровата скала.

16

Земјотрес со епицентар во близина на Лерин во соседна Грција утрово е почувствуван во Битола, во Охрид и во околните населени места.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), потресот бил со магнитуда од 3,8, со епицентар на 13 километри југоисточно од Лерин и на 123 километри западно од Солун.






Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека регистрираниот земјотрес бил со локална магнитуда од 4 според Рихтеровата скала, на 140 километри југозападно од Скопје.

Во Битола, во Охрид и во околината потресот бил почувствуван со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Поврзани содржини