УЛИЦАТА ИЛИЈА ДИМОВСКИ – ГОЧЕ ДОБИВА НОВ ЛИК Започна целосна реконструкција на уште една улица во населба Лисиче

Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Светската банка, преку Министерството за транспорт и врски“, велат од Општина Аеродром.

315

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и претседателот на советот на општината, Дејан Митески денеска направија обиколка на улицата Илија Димовски – Гоче, каде деновиве градежната механизација активно работи на целосна реконструкција на сообраќајница која се протега на двете страни од булеварот.

Проектот на обнова на улицата вклучува целосна замена на тампонтскиот и асфалтен слој, изведба на нови тротоари со павер елементи, како и поставување нова вертикална и хоризонтална сигнализација.






„Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Светската банка, преку Министерството за транспорт и врски. Со реализација на овој проект се унапредува сообраќајната инфраструктура во општината и се подобрува безбедноста во сообраќајот во Аеродром“, велат од општината.

Поврзани содржини