📽 УКРАИНА ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ РУСИЈА Пресретнати се 132 дрона, има повредени цивили во Енгелс
Нападот предизвика пожар на територијата на воздухопловната база во Енгелс, каде што е во тек евакуација на жителите од околните куќи.
Руските сили синоќа соборија 132 украински беспилотни летала над руска територија, при што беа повредени најмалку 2 лица во нападите, соопшти руското Министерство за одбрана.
Во Саратовската област, на околу 700 километри југоисточно од Москва, пресретнати се 54 дронови, а во соседната област Воронеж пресретнати се 40 беспилотни авиони, се наведува во соопштението.
Kropyvnytskyi is on fire. Around 30 explosions have been heard in the city.
So, as promised, no more strikes on the energy system. But no one said anything about residential areas, right? pic.twitter.com/Ir0sU17CR1
— Saint Javelin (@saintjavelin) March 19, 2025
„Градовите Саратов и Енгелс денеска го претрпеа најмасовниот напад со беспилотни летала од почетокот на руската офанзива во Украина, во февруари 2022 година“, напиша регионалниот гувернер Роман Бусаргин на Телеграм.
Нападот предизвика пожар на територијата на воздухопловната база во Енгелс, каде што е во тек евакуација на жителите од околните куќи.
„Во нападот со дрон се повредени 2 лица во Енгелс и оштетени се зградите на 2 градинки, болница и училиште“, се вели во соопштението на Рускиот истражен комитет.
Engels, attack on the airfield pic.twitter.com/N6GVsvxBqs
— Malinda 🇺🇸🇺🇦🇵🇱🇨🇦🇮🇹🇦🇺🇬🇧🇬🇪🇩🇪🇸🇪 (@TreasChest) March 20, 2025