ТРАМП НА СОСТАНОК ЗА СУДБИНАТА НА ИРАН Ќе се сретне со претставници на земјите од Персискиот Залив

Се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со претставници на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Оман.

78

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник, на маргините на годишното заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк, ќе се сретне со претставниците на земјите од Персискиот Залив за да разговараат за војната со Иран.

Порталот Аксиос пишува дека Трамп во интерјву за медиумот изјавил оти сака на средбите да разговара со сојузниците во регионот за следните чекори.






Се очекува Трамп да се сретне со претставници на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Оман.

Трамп во вторник ќе има обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации.

Сè уште не е познато дали тој во Њујорк ќе се сретне и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. На прашањето на Аксиос дали ќе има средба, Трамп одговорил: „Веројатно“.

Американскиот претседател, исто така, изјавил дека треба да донесе „голема одлука“ во врска со војната со Иран, која е во застој – особено дали да ја уништи Исламската Република или не.

– Ме очекува голема одлука. Дали сакам да продолжам и да ги уништам или не? Тоа е важна одлука. Сè може да ми се случи – изјавил тој.

Поврзани содржини