📽️ „ИМАМ ДВЕ ПРЕКРАСНИ СЕСТРИ, НО НЕ СУМ ПОМИСЛИЛ ДА СЕ ОЖЕНАМ СО НИВ“ Трамп обвинува конгресменка дека била омажена за својот брат
Американскиот претседател повторно изнесе недокажани обвинувања против демократската конгресменка Илхан Омар, а неговото обраќање доби неочекуван пресврт кога почна да зборува за сопствените сестри
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја обвини демократската конгресменка Илхан Омар дека се омажила за својот брат, а за време на предизборен митинг во Канзас неочекувано почна да зборува и за сопствените сестри.
Трамп на собирот во Салина, Канзас, изјави дека има две сестри, нагласувајќи дека никогаш не сакал да биде во љубовна врска со нив ниту да се ожени со нив.
– Имам две прекрасни сестри. Едната почина, беше извонредна личност и федерална судијка. Другата исто така е прекрасна, но никогаш не сум сакал да бидам во врска со неа ниту да се оженам со неа – рече Трамп.
Trump: I have two beautiful sisters. One was a federal judge, top federal judge. The other is beautiful but I never had an interest in dating her. https://t.co/jMmui7PexG
— Headquarters (@HQNewsNow) November 2, 2026
Тој потоа повторно се осврна на Илхан Омар, повторувајќи го своето долгогодишно тврдење дека таа се омажила за својот брат.
Според Трамп, Омар на прашањето дали се омажила за својот брат одговорила: „Колку што знам, не сум“, што тој го протолкувал како признание.
Американскиот претседател со години ја обвинува конгресменката со сомалиско потекло дека во 2009 година се омажила за Ахмед Нур Саид Елми, за кого Трамп тврди дека е нејзин брат, со цел да изврши имиграциска измама.
Омар ги отфрла овие обвинувања, а досега не е докажано дека нејзиниот поранешен сопруг е нејзин брат.
Трамп и во претходните денови ги повторуваше истите тврдења, притоа повторно споменувајќи ги своите сестри. На митинг во Дејтона Бич, Флорида, на 30 октомври, изјави дека никогаш не ѝ понудил брак на ниту една од нив и дека не бил привлечен од нив.
Неговата постара сестра, Мериен Трамп Бери, поранешна федерална судијка, почина во 2023 година на 86-годишна возраст. Другата сестра на американскиот претседател е Елизабет Трамп Грау.