🎥 ЗЕЛЕНСКИ НЕ ГО СЛУША ТРАМП, УКРАИНА ПАК НАПАДНА РУСКА РАФИНЕРИЈА Дрон ја погоди рафинеријата во Јарослављ
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата јавно побара од украинскиот претседател Володомир Зеленски да престане со нападите врз руските рафинерии и постројки за производство на дизел, образложувајќи дека намаленото руско производство придонесува за недостиг и повисоки цени на дизелот на светскиот пазар.
Украина продолжи да ги напаѓа руските рафинерии и покрај предупредувањето од американскиот претседател Доналд Трамп да престане да го прави тоа. Украинските сили синоќа ја погодиле рафинеријата во Јарослављ, како и воен аеродром во Ростовската област.
„Синоќа, во заедничка операција на Безбедносната служба на Украина, Силите за беспилотни системи, Разузнавачката служба на Министерството за одбрана и Службата за надворешно разузнавање, била погодена рафинерија за нафта во Јарослав“, објави украинскиот претседател на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека Безбедносната служба на Украина извршила напад врз воениот аеродром во Ростовската област, при што е потврдена штета врз авиони Ан-12 и два Ан-26, како и на три хеликоптери.
Зеленски, исто така, соопшти дека украинските сили постигнале „добри резултати“ во Црното Море.