УКРАИНА ЌЕ ИЗВЕЗУВА ОРУЖЈЕ!? Произведува повеќе од потребите, особено дронови

Зеленски посочи дека Украина веќе соработува со земји од Блискиот Исток, Европа и Кавказ во рамки на посебен формат на соработка познат како „договори за дронови“.

0

Украина се подготвува за извоз на оружје бидејќи земјата произведува повеќе отколку што им е потребно на нејзините вооружени сили, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Во одредени производствени сегменти во моментов имаме до 50 проценти вишок. Извозот на украинско оружје ќе стане реалност. Украинската армија секогаш ќе има приоритет и доволно снабдување – ќе земе се што и е потребно, а количините над тоа ќе одат за извоз – рече Зеленски во своето вечерно обраќање.

Зеленски посочи дека Украина веќе соработува со земји од Блискиот Исток, Европа и Кавказ во рамки на посебен формат на соработка познат како „договори за дронови“. „На маса е и предлог за нашите американски партнери“, додаде тој.

Договорот би можел да опфати извоз на дронови, одбранбени системи и други видови оружје и се смета за начин за зајакнување на финансиската состојба на земјата.

– Ќе повторам, условите мора да бидат поволни за Украина, мора да има јасен надзор, а приходите од извозот треба да ја зајакнат украинската одбрана. Така и ќе биде – изјави Зеленски.

Украина значително го зголеми производството на оружје откако Русија ја започна воената интервенција пред повеќе од четири години.

Поврзани содржини