ДВЕ ЖЕСТОКИ ШЛАКАНИЦИ ЗА ФИЛИПЧЕ Парите од ИПАРД се ослободени, Вајц потврди дека Владата испорачува

Филипче се обиде да го претстави европратеникот и известувач Томас Вајц, како критичар на Владата, дека наводно изразил сомнеж во посветеноста на Владата кон реформите и дека евроинтегративниот процес е во застој. Вчера, во интервју за една македонска национална телевизија, Вајц лично ги разби тие тврдења.

0

Две жестоки шлаканици за Филипче, ИПАРД средствата ослободени, Вајц со најнова изјава дека Владата испорачува, коментира ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Венко Филипче повторно се фати во сопствената мрежа на лаги. Во очајничка потрага по политички поени и со жед за власт која очигледно не познава граници, Филипче агресивно ширеше невистини за две теми. Прво, Филипче со месеци сугерираше дека македонските земјоделци се оставени сами. Вчера пристигна официјално известување од Европската комисија, Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој, со јасна и недвосмислена порака дека средствата од ИПАРД програмата се целосно достапни за располагање. Средствата никогаш не биле блокирани.

Исто така, Филипче се обиде да го претстави европратеникот и известувач Томас Вајц, како критичар на Владата, дека наводно изразил сомнеж во посветеноста на Владата кон реформите и дека евроинтегративниот процес е во застој. Вчера, во интервју за една македонска национална телевизија, Вајц лично ги разби тие тврдења“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Интервјуто кое Филипче „со толку ентузијазам го спинуваше“, и кое, како што кажа Вајц, е снимено за бугарска телевизиска станица, е дадено пред седум недели. Од тогаш до денес, Вајц лично напомена дека се преземени конкретни чекори и дека постои видлив напредок, а потврди и дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорача минатата година, како што испорачува и оваа година.

„Значи, Филипче воопшто не е информиран, ниту пак е во тек со нештата. Извлече застарена изјава, ја изолира од контекст, ја сервираше на јавноста како актуелна и сето тоа за да конструира лажна слика. Дали некој воопшто го информира Филипче или тој свесно и методично ја следи сопствената агенда, без оглед на фактите и последиците?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека СДСМ на чело со Филипче исто како и неговиот ментор Заев повторно ја ставаат државата на распродажба, нудејќи ги најчувствителните национални прашања како карта за да се дограбат до власта.

„Прашањата за идентитетот и историјата, не смеат да бидат предмет на политичко пазарање. Пристапот на СДС и Филипче за односите со Бугарија наликува на прифаќање туѓи наративи на штета на македонскиот јазик, историското наследство, идентитетот и националните интереси на државата.

Филипче и СДС немаат проблем со тоа македонскиот јазик да е бугарски дијалект, Македонија да е дел од Бугарската држава, Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански да се пишат дека се Бугари, само да дојде тој на власт и да може да краде. СДС и Филипче да престанат да ја манипулираат јавноста со наративот ‘уште една мала отстапка’ ќе ја донесе државата до ЕУ. Таа приказна на СДС се повторува со децении, а не дава никаков резултат“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини