ТРОЈЦАТА ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ВО АТИНА СЕ ВО ДОБРА СОСТОЈБА Се работи за млади на возраст меѓу 22 и 24 години
Според истите информации, станува збор за млади лица на возраст од 22 до 24 години, кои во пожарот се здобиле со изгореници, во атинската воена болница превентивно се на Одделот за интензивна нега, меѓутоа не се приклучени на апарати.
Тројцата повредени, кои во текот на ноќта од Скопје со авион C-27 на грчкото воздухопловство беа префрлени во Атина и хоспитализирани во Општата воена болница 401, според информациите на дописничката на МИА од Атина, се во релативно добра состојба.
Според истите информации, станува збор за млади лица на возраст од 22 до 24 години, кои во пожарот се здобиле со изгореници, во атинската воена болница превентивно се на Одделот за интензивна нега, меѓутоа не се приклучени на апарати.
Како што синоќа објави МИА, авионот кусо по 22 часот ги презеде повредените од Скопје и полета кон Атина, каде што пристигна околу полноќ, а тројцата млади со возила на брза помош беа пренесени во воената болница.
Од грчката амбасада во Скопје на Фејсбук објавија фотографии од авионот на скопскиот аеродром и напишаа дека нивните мисли и молитви се со повредените, паралелно изразувајќи „солидарност со Северна Македонија“.
Од Генералштабот на националната армија на Грција, денеска преку Икс информираа дека 20 минути по полноќ „грчките вооружените сили извршија лет за медицинска евакуација со C-27 J Spartan, транспортирајќи три пациенти на интензивна нега во Воената болница 401 во Атина по трагедијата во Кочани“.
Во Грција вкупно се хоспитализирани осум повредени, тројца во солунската болница Папаниколау, двајца во воената болница 424 во Солун и уште три лица во Општата воена болница 401 во Атина.