ТРАМП ПОТПИША УКАЗ ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ Демократите го повикаа судот да го спречи во намерата
Демократскиот лидер во Сенатот Чак Шумер рече дека потпишувањето на извршната наредба е една од „најдеструктивните акции“ што претседателот некогаш ги презел.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба за затворање на Министерството за образование.
– Ќе го отстраниме. Ќе го затвориме и затвораме што е можно поскоро – изјави американскиот претседател непосредно пред да го потпише документот во Белата куќа.
Демократскиот лидер во Сенатот Чак Шумер веднаш реагираше и го повика судството „да стави крај на тиранското владеење на Доналд Трамп“.
Шумер рече дека потпишувањето на извршната наредба е една од „најдеструктивните акции“ што претседателот некогаш ги презел.
-Оваа ужасна одлука на Доналд Трамп ќе ја почувствуваат воспитувачите, родителите, раководителите на училиштата и квалитетот на образованието што го добиваат нашите деца – додаде тој.